Долго време розата се смета за состојка во парфимеријата, наменета за жени. Но всушно ова претставува модерна перцепција на проблемот. Илјадници години розите се центар на уметноста на парфемите во многу древни култури. Во Индија на пример кралевите розите и нејзините деривати ги користеле за парфемириња на амамите, домовите и храната. Но денес се редефинира мирисот на розата со што се полека се воскреснуваат парфемите од роза погодни за мажи. Еве два предлога на најдобри парфеми од роза за мажи.

1. Aesop Rōzu Eau de Parfum

Австралискиот луксузен бренд за нега на кожа ни нуди забавен, благо сладок мирис од роза наречен Rōzu. Мирис направен со цел да ги евоцира чувството за време и место на неговиот созадавач Барнабе Филион. Дрвената основа со цветните ноти на роза во комбинација со иланг-иланг и јасмин како да му дава нов бакнеж на животот.

2. Diptyque Othoniel Rosa Eau de Toilette

Инспириран од розата Othoniel која се наоѓа во Лувр, овој мирис е хармонија на меденоста на цветот и црвен бибер, семе од амбрета и акигалавуд. Всушност овој мистичен мирис е тој кој би го носеле една есенска вечер, повод- црна вратоврска, локација- замок, полна месечина…