Panasonic ја опишува камерата Lumix BGH1 како кутија дизајнирана за разновидност, проширување и лесна инсталација. Со MFT (M4/3) систем и компактен коцкаст дизајн, Panasonic Lumix BGH1, е предвиден да се користи во ситуации кои вклучуваат повеќе камери, дронови, стриминг во живо и други комплексни поставувања. Контролата на повеќе вакви камери се прави преку Ethernet со LUMIX Tether App апликацијата, додека напојувањето оди преку PoE +.

Високо чувствителниот 10.2MP Live MOS заедно со Dual Native ISO технологијата дава одлични видео перформанси при услови на слаба осветленост. Камерата може да снима 4:2:0 10-bit C4K/4K 60p или 4:2:2 10-bit All-I C4k/4K 30p видеа, со опција за Hybrid Log Gamma (HLG) за таканаречено „broadcast-ready HDR“.

Бидејќи оваа камера е подготвена за било каква конекција таа е опремена и со двојни UHS-II слотови, USB-C 3.1, HDMI излез, WiFi, Bluetooth. Со продажбата на Panasonic Lumix BGH1 ќе се почне од декември оваа година, а цената е веќе позната, 1.999,99 американски долари.