Водата е она што ни дава живот. Па затоа хидратацијата е клучна за нормално функционирање на телото. Правилната хидратација со тоа што му овозможува на телото нормално да функционира прави ние да имаме и повеќе енергија. Па инвестицијата во паметно шише кое ќе ви помогне во процесот е добра. Овие паметни шишиња за вода доаѓаат во сите форми, големини, материјали и технологии деновиве. Изборот тешко паѓа бидејќи треба да се одлучите за некое кое одговара на вашиот животен стил.

1. Hidrate Spark 3

Едно од првите паметни шишиња на пазарот. Компанијата го подобри нивниот оригинален дизајн во трета генерација. Hidrate Spark 3 го следи внесот на вода и буквално свети за да ве потсети дека треба да се напиете вода. Се синхронизира преку Bluetooth со апликацијата Hidrate, Fitbit, Apple Health и други. Напредната технологија ги пресметува и прилагодува личните цели за хидратација врз основа на вашето тело и ниво на активност. Има паметни сензори што снимаат колку вода пиете, веднаш синхронизирајќи се со вашиот телефон. Добрата страна на ова шише е што можеш да го најдеш твоето шише преку лоцирање, исто како „find my iPhone“ функцијата. Лошата страна е тоа што капакот на шишето можете да го миете во машина за садови но не и телото. Тоа мора да се мие рачно. Со едно полнење можете да го користите шишето четири месеци.

2. Ozmo Smart Cup

Иако не личи на шише за вода, овој уред е доста баран поради тоа што можете да го наполните со било каков вид на течност. Тој има вграден сензор за распознавање на вода и кафе, додека другите видови на течности ќе треба рачно да ги внесете. Овој уред се запознава со вашето тело преку неколку клучни параметри и препорачува толку вода колку што треба да пиете секој ден, истовремено ограничувајќи го конзумирањето на кафе. Трепкачко LED светло е тоа кое ќе ве потсетува дека треба да се напиете вода. Се поврзува преку апликацијата Ozmo кој потоа се синхронизира со други апликации или уреди како фитнес тракери. Дополнителен бонус е полначот кој ги одржува топли течностите.

3. Level Up Way Glass Hydrogen Generator

Водата со водород е добро позната по антиинфламаторното и антиоксидантното својство. Некои истражувачи велат дека го забавува процесот на стареење, има подобра апсорпција на минерали и го подобрува закрепнувањето на мускулите по тренингот. Преку нешто што се нарекува SPE PEM технологија ова шише ќе ви помогне да добиете H2 вода, а процесот го започнувате со притискање на копче и 6 минути чекање додека процесот на јонизација заврши.