Постојат многу диети во моментов, но оценето според популарноста во моментов најпопуларни се Палео диетата и Кето диетата. Нешто што е заедничко за двете е дека нивниот фокус се макронутриентите. Исто така тие обезбедуваат внимателно следење на протеините, мастите и јаглехидратите како би обезбедиле подобри резултати при слабеење.

Двете диети се доста ограничувачки и го кратат задоволството при јадење на некои од омилените јадења како на пример пицата. Но да ги споменеме разликите во овие две диети за да можете полесно да се одлучите која да ја изберете доколку решите да слабеете.

Палео- Диета со силен акцент на месото, овошјето и зеленчукот. Палео диетата е заснована на храна слична на онаа што се јадела за време на палеолитот. Всушност има одредена вистина во ова: во јули 2018 година, кога група истражувачи ја идентификувале стомачната содржина на мумијата Оци, стара 5.300 години, откриле дека неговиот последен оброк бил богат со маснотии и содржел остатоци од животни и растенија.

Оваа диета многумина ја нарекуваат „стрига“ бидејќи не дозволува внес на јаглехидрати и на преработена храна. Тука повеќето од јаглехидратите доаѓаат од овошјето. Поради внесот на овошје, зеленчук, месо, риба, поготово лосос се смета дека од оваа диета може да имаме придобивки како: подоба толеранција на глукоза, контрола на крвниот притисок, контролирани триглицериди, подобро управување со апетитот.

Кето- За оваа диета веќе пишувавме пообемно. Pримарна цел на оваа диета е да го доведете организмот во состојба на кетоза, а тоа е кога вашето тело користи маснотии наместо јаглехидрати како примарен извор на енергија. За разлика од Палео диетата Кето диетата скроз ги елиминира јаглехидратите вклучително и овошјето.

Со ова се зголемува потрошувачката на мастите, што според експертите калориите од 60 до 80 проценти треба да се обезбедат од разградување на мастите. Причина зошто некои Палео диетата ја сметаат за начин на живот е што нема потреба од мерење на храната за разлика од кето диетата.