Република Палау, архипелаг од 500 острови на западен Пацифик, стана првата јаглерод неутрална туристичка дестинација во светот, по Бутан која е единствената „јаглерод-негативна“ земја во светот. Проектот има за цел да го намали јаглеродниот отпечаток на Палау, од домашен и од странскиот туризам, истовремено зголемувајќи го производството на локално извори и одржлива храна.

Овој проект е иницијатива на Sustainable Travel International, Slow Food International и Palau Bureau of Tourism, и претставува решение на фактот дека како низок архипелаг, Палау, е загрозен од порастот на морското ниво, што е резултат на климатските промени. Минатата година архипелагот на кој живеат 22.000 жители го посетиле 89.000 туристи.

Туризмот е индустрија која претставува 47 проценти од националниот БДП. Иако е од витално значење за егзистенцијата на локалното население, туризмот е исто така клучен двигател на климатските промени. Посетителите летаат од прекуокеанските дестинации и имаат тенденција да консумираат увезена храна за време на нивниот престој, нешто за што е потребно фосилно гориво, но и нешто што ги излева средствата надвор од земјата.

Сите учесници во иницијативата сватиле дека со инвестирање во домашните производители, ќе се намали зависноста од увоз и ќе поттикне поголема безбедност на храната, истовремено намалувајќи го јаглеродниот отпечаток на островот, промовирајќи ги домашните производи. Како нација, Палау веќе презема значајни чекори за спречување на климатските промени и за заштита на своите природни живеалишта.

Владата воспостави едно од најголемите морски засолништа на планетата, го усвои најстрогиот светски национален стандард за сончање и им забрани на тур-операторите да користат пластика или стиропор за една употреба. Сите посетители се обврзани со потпишана еко-обврска при влегување и ризикуваат голема казна доколку бидат фатени како собираат морски животни како сувенири или пак ги хранат рибите и ајкулите, допираат корали или не ја почитуваат локалната култура.