Palace x Rapha објавија соработка за сезоната Зима 2020, но исто така објавија дека тие ќе го опремуваат американски професионален тим за велосипедизам EF Pro Cycling за годинешниот Giro d’Italia. Овој тим е целосно опремен и подготвен за натпреварот со облека од соработката помеѓу Palace и Rapha, велосипеди Cannondale и POC кациги и очила.

Досегашниот вообичаен розов аутфит ќе биде заменет со смели шеми на кои стои логото на Palace x Rapha. Покрај оваа соработка брендовите ја претставија и колекцијата за сезоната Зима 2020, составена од јакни GORE-TEX, како и дуксери, маици, блузони со долги ракави, оксфордски кошули и капачиња.

Сите парчиња ќе бидат достапни на 9-ти Октомври преку веб-продавницата на Palace и Rapha, со приоритет на членовите на велосипедскиот клуб Rapha кои ја имаат достапноста до парчињата од 4-ти Октомври.