Ако се прашувате дали Pajama Suit се новата униформа во новава ера, тогаш одговорот би бил да. Всушност новата ера носи нови модни решенија, па поради опаднатата побарувачка на костуми, модните брендови се вртат кон креирање на поудобна облека. Па така Aoki Holdings ја претстави својата прва хибридна креација која е мешавина помеѓу костум и пижами, за мажи кои бараат удобност и елеганција.
Овие Pajama Suit се идеално решение за моменталната еволуција на машката облека или можеби основа на облеката во иднина. Трендот се очекува да еволуира, со тоа што удобноста и елеганцијата сега би се обединиле. Целта е да изгедате убаво и да се истакнувате но само доколу се чувствувате убаво во таа облека.