Италијанскиот дизајнер Pierpaolo Lazzarini претставува еден иновативен пловен објект наречен Pagurus или Crabmaran, формиран како амфибијски катамаран долг 25 метри кој се напојува на соларна енергија. Овој пловен објект е поделен на простори во двата странични трупа поврзани преку мост каде е сместена палубата, која е направена од челик.

Труповите може да се конфигурираат со 2 до 3 спални, кујна и тоалет, сместувајќи до 8 патници, плус 4 члена на екипажот. Едриличарскиот погон се постигнува со двоен крмен пропелер, заедно со двоен дизел мотор од 890 КС, способен да го придвижи Pagurus до максимална брзина од 24 јазли.

Во подводниот дел од страничните трупови на катамаранот се дизајнирани вдлабнатини во кои се сместени челични цилиндри со спирала, кои со помош на триење на водата генерираат енергија за полнење на батериите. Секој цилиндар е конектиран со независен мотор, поврзан со транс-флуиден пренос кој е во состојба да генерира движење од 5 јазли.