Pagani Automobili е италијанско-аргентински автомобилски бренд со страст за производство на возбудливи и егзотични автомобили кои ја поттикнуваат имагинацијата и ги возбудуваат сетила.

Главниот дизајнер и извршен директор Хорацио Пагани своите почетоци ги направил во Renault и Lamborghini пред да го насочи вниманието кон создавање на сопствен бренд.

Од појавувањето до 2018 година биле произведени 140 Pagani Zonda автомобили кои изградија култ кај љубителите на автомобили со екстремни перформанси. Ова помогна во следниот проект на компанијата.

Па така кога во 2011 година на саемот во Женева беше претставен Pagani Huayra, веднаш ја разбуди фантазијата кај љубителите на автомобили. Овој автомобил своето име го добил по Huayra-tata „Татко на ветрот“, бог обожуван од Пуруха и Ајмара народот кои живеат на Андите. Име кое доликува за автомобил со 6.0-литарски твин-турбо M158 V12 мотор од Mercedes-AMG кој произведува 720 КС. Каросеријата на автомобилот е направена од комбинација на јаглеродни влакна и титаниум.

Pagani Huayra BC Roadster е најновата верзија на Huayra. Оваа верзија има отстранлив покрив со поагресивна и помоќна конфигурација на моторот. Дизајниран со екстремни перформанси Huayra BC Roadster ја карактеризира еволуција на аеродинамични карактеристики.

Со Mercedes-AMG M158 твин-турбо V12 мотор овој автомобил има 802 КС. Со само 40 примероци и цена од 3,5 милиони долари Pagani Huayra BC Roadster е предодреден да биде уште едно исклучително ретко возило.