Италијанскиот бренд, Pagani, кој е еден од најинтересните производители на суперавтомобили, го претстави својот трет автомобил во својата 28-годишна историја. Imola, како што се вика новиот ѕвер на производителот ќе биде произведен само во пет примерока.
Автомобилот доаѓа со Mercedes-AMG 6,0-литарски V12 мотор, кој испорачува 827 коњски сили. Новиот суперавтомобил тежи само 1246 килограми, благодарение на јаглеродни влакна и титаниум. Pagani тврди дека ова е резултат и на Acquarello Light бојата која заштедува 5 килограми од тежината на возилото во споредба со конвенционално обоен автомобил.
Хорацио Пагани, основачот на компанијата ќе изјави: „Не можеме да кажеме дека тоа е елегантен автомобил. Сакавме ефикасно возило, и исто како што би очекувале ако погледнете во болидите на F1, ова не натера да дизајнираме автомобил со дополнителни аеродинамички карактеристики. Иако од една страна овие детали ги намалуваат фините линии и естетиката на возилото, од друга страна пак ова ни овозможува да го подобриме времето на забрзување, возењето и секако безбедноста.”