OYO NOVA е справа наменета за прилагодување на вашиот флексибилен животен стил. Еднинствен уред кој тежи само 1,12Kg, но има тежина на цела теретана, овозможува отпор од 18 килограми, а поради неговиот едноставен облик лесно се носи каде и да сте. Изумителот кој стои позади оваа справа е Пол Френсис, а тимот кој стои позади овој производ ја користи својата патентирана технологија SpiraFlex која обезбедува бестежински отпор и всушност е технологија користена во првиот уред за вежбање што се користи во вселената (NASA iRED).

OYO NOVA има сајли од нер’ѓосувачки челик обложени со најлон за поголема издржливост и рачки во форма на Т со челични делови. Справата обезбедува балансиран тренинг за помалку време, бидејќи не е потребна гравитација, вежбите се изведуваат во сите рамнини на движење без користење на дополнителна опрема.

Поради промените кои ги претрпува општеството, преносливите справи за вежбање се гледаат како иднината на тренингот и начинот на живеење. Со оваа справа се постигнува изведување на сите вежби наменети за градниот кош, бицепс, трицепс, грб, стомак, рамења, што би значело над 100 вежби кои би ја одржувале вашата фигура без разлика на околностите.