Овесната каша е здрав појадок полн хранливи вредности, кој според најновите истражувања, може да ви помогне здраво да слабеете. 

Во комбинација со млеко, банана, семки од тиква, шумско овошје и суво грозје, овесот станува каша и совршен хранлив и вкусен појадок. 

250 гр готова овесна каша содржи 150 калории, 5 гр хранливи влакна, 6 гр протеини и хранливи состојки како калциум, фосфор, магнезиум, железо, селен и натриум. 

овесната каша

Она што ја прави овесната каша значаен дел од режимот на исхрана при здраво слабеење е специјален вид хранливи влакна. Наречени се бета-глукан, а нивната улога е да ги регулираат хормоните на глад и да прават да се чувствувате позаситено по оброкот. 

Според резултатите од истражувањата, лицата кои консумирале овесна каша при своето слабеење ја одржале својата посакувана тежина и година дена по експериментот, за разлика од оние кои ослабеле без овесна каша и ги вратиле килограмите многу побргу. 

Овесната каша може да ви помогне при губењето килограми, особено ако ја комбинирате со исхрана контролирана во однос на калориите. Освен тоа, редовното внесување овесна каша во организмот го намалува лошиот холестерол и ја подобрува работата на срцето.