Подгответе здрав и вкусен доручек.
Потребно е:
1 излупена праска
5 лажици овесни снегулки
2 лажици кокосов чипс
2 лажици чиа семе
пола авокадо, исецкано на тенки ленти
150-200мл вода
Пресечете ја праската на пола и отстранете ја семката. Земете ¾ од праската исечени на коцки и ставете ги во мал сад на рингла. Додадете ги овесните снегулки, кокосовиот чипс, чија семето и пола од водата гответе ги на среден оган, постојано мешајќи додека не омекне овесот.
Додека овесната каша се подготвува, исецкајте го остатокот од праската на тенки парчиња и авокадото на тенки полумесечини. Кога овесната каша ќе биде готова, ставете ја во соодветен сад и најгоре ставете ги парчињата праска и авокадо. По ваша желба додадете гоџи или бадеми. Доколку не ви е доволно благо, додадете лажица агаве сируп.