Samsung Galaxy Z Flip доаѓа наскоро. И покрај тоа што сеуште нема официјални детали за телефонот, протекоа слики од прототипот. Најновите гласини велат дека овој преклоплив телефон е директен ривал на Motorola Razr. Како што се шпекулира, се вели дека телефонот го носи моќниот чип предводник на тековната генерација, Qualcomm Snapdragon 855+.

Со 8 GB RAM меморија и 256 GB внатрешна меморија, овој телефон има повеќе од доволно во себе, но се вели дека корисниците нема да можат да го прошират ова дополнително бидејќи телефонот нема SD читач на картички. Екранот е AMOLED 6.7″ со технологија Always On, Infinity-O, додека секундарниот екран кој ќе покажува време, нптификации е направен од Gorilla Glass 6.

Главната камера е комбинација на dual-pixel 12MP и 12Mp објектив со ултра широк агол, додека пак 10MP селфи камера со гласовна контрола и автоматски фокус го краси телефонот кога е отворен. Што се однесува до батеријата се шпекулира дека овој Samsung ќе има 3300mAh батерија, помала од предводниците на брендот.

Дали овие спецификации ќе одговараат со вистинските, ќе треба да почекаме до 11-ти февруари кога ќе биде и официјално претставен телефонот.