Опремени со Gucci тапети, детали и прибор за јадење… Својот прв ресторан модната куќа го отвори во САД, поточно Лос Анџелес. Најбитно од се е дека кујната на овој познат ресторан е „опремена” со врвниот шеф Масимо Ботура, кој има Michelin ѕвезди.

На менито на ресторанот се најдоа и познатите тортелини на Масимо, како и хамбургерот Емилија. Храната која се служи во овој ресторан е приготвена од органски продукти кои се добиваат од локалните пазари. Целиот амбиент во Gucci стил може да смести 40 лица.