Режисерот во Batman, Мет Ривс, на фановите им даде прв поглед на Роберт Патинсон, кој ќе го игра херојот во филмот кој го очекуваме на 25-ти јуни 2021 година. Иако за да го видиме филмот ќе треба да почекаме уште една година, сепак за да се привлече вниманието и да расте неизвесноста, тимот реши да објави видео каде може да се види новиот костум на Batman, кој ќе го носи актерот.

Логото особено го привлече вниманието на обожавателите на Twitter, според кои е направено од две рачки на пиштол, што упатување на потеклото на ликот DC Comics, односно почетокот на неговата борба со криминалот. Во актерскиот тим ќе ги видиме и Колин Фарел како Освалд Коблпот/ Пингвин и Зои Кравиц како Catwoman.