Мажите кои сакаат да посетуваат и откриваат различни места за викендите често знаат да се соочат со избор на патна торба. Можеби малиот куфер на тркалца има свои предности, но едноставно не е доволен за модерниот маж, не го доловува „духот на патувањето“ особено во околности што подразбираат брзо бегство или посета на некое викенд место во земјата.

Идеално чинот на патување треба да биде стилски и романтичен. А да не заборавиме дека секогаш може да се случи брзате да фатите воз, или да трчате по калдрма и да посакате да сте понеле полесен, без тркала „багаж”.

1. Bennett Winch Weekender, британски луксузен производител кој знае како да направи убава торба. Современа обработка на класика со патент-затварање, одлично парче за 72-часовно бегство, со две изолирани водоотпорни прегради (одлични за обувки) и вграден внатрешен лаптоп џеб. Достапна со повеќе различни обработки и различни бои.

патна торба

2. Bottega Veneta, љубител на џет сет елитата, овој бренд со своите карактеристични дизајни станува се посилен. Совршеното вклопување на декоративните елементи и intrecciato, техниката за ткаење на кожата ја прават оваа патна торба посебно убава.

3. Filson, задоволството кое доаѓа од патна торба направена од телешка кожа многу добро ја разбираат хедонистите. За викенд воините чии авантури се одвиваат подалеку од асфалтот, оваа патна торба е омилена. Произведена во Америка, отпорна на вода, украсена со облоги отпорни на ‘рѓа (т.е. патенти, прицврстувачи), и секако на крај со познатата lifetime гаранција.

4. Connolly ‘sea’ bag, комбинација на тоте-торба, лекарска торба и актовка, брендот создава сестрано парче погодно за канцеларија како и за викенд бегства. Со карактеристична флуидна силуета и винтиџ детали од паладиум, големиот простор за складирање има и интересни корисни џебови кои ќе ви овозможат лесен пристап до личните работи.

5. Maison Margiela, од 1988 година ја носи заслугата на бренд кој го отфрла правилата на традиционалниот моден простор. Па така оваа платнена патна торба со интересна боја е резервирана за најголемите бунтовници и авантуристи.