Дали сакате да патувате, но не знаете каде треба да одите? Дали барате веќе позната дестинација или инспирација за да започнете со планирање на Вашето патување? Сакате успешно патување на некоја дестинација. Но, изборот на дестинацијата ви задава главоболки. Можеби е време да отстапите од практичното и да ја разбудите Вашата патна инспирација!

Островот Холбокс, Мексико, сеуште туристички неразвиен, каде главна индустрија е риболовот, е скриен остров кој овозможува вистинско уживање во природата. Бидејќи на островот нема автомобили со цел да се заштити животната средина, до тука се стига само со ферибот или со резервирање на лет преку Aerosaab. Изобилството на морска храна, можноста да се плива со Кит-ајкула од јуни до септември и недопрената природа, го прават овој остров доста примамлив.

Островот Дерош, Сејшели, е вистинското место за Вас доколку сакате остров само за себе. По 40-минутен лет од Мае, главниот град на Сејшели, стигате на остров кој нема ресторани или продавници, а скоро да нема ни луѓе на повидок, освен секако одморалиште со 5 ѕвезди. Леглате во вашата сопствена вила, која гледа на плажа со бел песок и има своја тропска градина и базен вреди да се проба барем еднаш во животот.

Côn Son, Виетнам, остров кој останува сокриен поради недопрената природа и тиркизните води. Без продавници, барови… луксузниот Six Senses ризорт ќе Ве разгали максимално без да Ви биде досадно.

Скопелос, Грција, иако вниманието му го крадат островите како Миконос… сепак овој остров е подеднакво убав. Алтернатива за спокоен одмор без многу туристи Скопелос е остров со незагадено крајбрежје, шармантни таверни. Островот има повеќе од 360 цркви и капели и е еден од најзелените острови на Егејското Море.

Jicaro, Никарагва, место каде навистина ќе се исклучите. Нема телевизор, WiFi, но има повеќе од доволно атракции за да бидете „зафатени”. Адреналински екскурзии, необични мајмуни, езерски желки, 87 видови птици…