Што ја предизвикува смрдеата на стапалата? Како и лошиот утрински здив, така и смрдливите стапала се предизвикани од акумулација на бактерии на нозете во текот на денот. Но за разлика од лошиот утрински здив кој се развива од недостаток на влага во устата, смрдливите стапала мирисаат лошо бидејќи стапалото наидува на влага.

Стапалата се преполни со потни жлезди и бидејќи се потат во текот на денот, ова создава совршена околина за развивање на бактериите. Решавањето на овој проблем и не е така комплицирана работа, сем секако ако не се работи за случај за кој е потребна помош од доктор.

1. Одржувајте хигиена на стапалата

Клучен дел во хигиената нека ви биде секојдневното миење на нозете. Потоа грижата на кожата на вашите нозе вклучува и апликација на лосион која ќе ви ги направи мазни стапалата. Педикирот и правилното отсекување на ноктите прават чуда во поглед на хигиената на стапалата.

2. Исушете ги убаво стапалата после туширање

Никогаш не облекувајте чорапи и не излегувајте од дома додека нозете не ви се нозете целосно суви. Треба да ја отстраните влагата од нив пред да ги облечете чорапите и чевлите инаку нема да ја постигнете целта.

3. Чорапи

Покрај менувањето на чорапите, изборот на истите е исто така битен. Памучните чорапи ја задржуваат влагат што е лошо кога сакате да се ослободите од мирисот на вашите стапала, тие е најдобро да ги носите по дома кога ногата не ви е во чевли. Најдобра опција се волнените чорапи. Звучи чудно и дебело и непријатно бидејќи волната чеша, но денес на пазарот има одлични лесни волнени чорапи. Волната брзо ја апсорбира влагата и потоа ја ослободува кога ќе ги извадите чевлите.

4. Користете влошки кои апсорбираат пот

Ако сè уште имате проблеми, обидете се да ставите влошки што апсорбираат мирис, што дополнително ја впиваат влагата од чевлите.

5. Користете пудра

Пудрата е најдобриот пријател на човекот кога станува збор за вакви ситуации. Познато е дека пудрата го апсорбира вишокот влага, па поради тоа добро е да истурите на вашите нозе пред да ги облечете чорапите или едноставно во чорапите па и во чевлите за дополнителен ефект.

6. Дополнителен пар чорапи

Доколку знаете дека вашите нозе се потат многу најдобро би било секогаш да имате резервни чорапи. Дури и кога после работа ќе одите на тренинг секогаш носете си уште еден пар за да ги замените.

7. Чевли

Најдобро би било кога би можеле да не носите ист пар на чевли два дена по ред. На чевлите им треба време да се исушат и провентилираат. Исто така можете да користите и апарати за сушење и дезинфекција на чевли.