Широкиот спектар на филмови кои се нудат на стриминг платформите се интересни и разновидни. Филмската индустрија изобилува со доста интересни наградувани наслови. Кога зборуваме за наградувани мислиме на Оскаровци кои вреди да се погледнат.

Inception: Овој трилер во режија на Кристофер Нолан освои четири Оскари во 2011 година и тоа за најдобар звук, за најдобри звучни ефекти, за најдобри визуелни ефекти и за најдобра кинематографија. Главниот лик Дом Коб, глумен од страна на Леонардо Ди Каприо, е крадец на корпоративни тајни влегувајќи во соништата на луѓето. Тој добива задача да всади идеја во потсвеста на еден бизнисмен и тука почнува да се развива приказната. Филмот е доста гледан и ден ден поради оригиналната идеја, интригантен заговор и тим на познати актери.

Roma: Филмот кој во 2019 година се закити со Оскар за најдобар странски филм, најдобра режија и најдобра кинематографија, е полу-автобиографскиот филм инспириран од детството на Алфонсо Куарон. Тој го истражува животот на Клио, домаќинка која живее во семејство од средна класа во Мексико Сити и нејзините лични борби со непланирана бременост.

American Factory: Документарец кој го следи развојот на напуштената автомобилска фабрика која е купена од страна на кинески индустријалец. Создавањето на 2.000 работни места е одлично, но разликите во американската и кинеската работна култура започнуваат да излегуваат на површина, што резултираат со внатрешни немири.

The Theory Of Everything: Биографијата на починатиот теоретски физичар Стивен Хокинг ги детализира врските кои ги дели со неговата сопруга. Еди Редмајн, актерот кој го игра Хокинг, ја доби наградата за најдобар актер во 2015 година.

Room: Драма-трилерот во 2015 година го освои Оскарот за најдобра актерка. Ликот на Ларсон е во заробеништво седум години и го раѓа нејзиниот син во истиот период. Кога мајката и синот ќе успеат да избегаат, детето се соочува со борбата да се прилагоди на светот што постои надвор од просторијата, собата во која е роден.