Роберт „Боб“ Норис кој 12 години беше лицето на Marlboro Man, почина на 90 години. Marlboro Man беше создаден од страна на компанијата за производство на цигари Philip Morris & Co. и маркетинг гигантот Leo Burnett Worldwide. Целта беше да се промовираат цигарите со филтер, како задоволство кое вистинскиот американски маж би го уживал. За улогата на Marlboro Man биле земени предвид мноштво актери, но изборот на Лио Бурнет, сепак бил автентичниот американски ранчер Роберт Норис, чија фотографија Бурнет ја здогледал во локалниот весник. 

Иако портретирал една од најпрепознатливите фигури во модерната култура, Норис не бил пушач и на крајот се откажал од ангажманот, како би поставил соодветен пример за своите деца. 

По неговото откажување, многу ликови го толкувале Marlboro Man – Вејн Мекларен, Давид Меклин, Дик Хамер, Ерик Лосон, Тобин Џексон. Дел од нив и покрај промовирањето на цигарите, посветиле дел од својата работа на кампањи против пушењето. Мекларен гласал против пушењето кратко пред неговата смрт на 51 година, кога починал од рак на белите дробови. Лосон се ангажирал околу едукација на децата за штетите од пушењето.