Без разлика дали се подготвува за „судниот ден“ или предвидува вознемирувачки периоди на Земјата, Oreo изгради трезор каде го чува својот познат рецепт. Трезорот кој го изгради компанијата се наоѓа до Svalbard Global Seed Vault, безбедна банка за чување на семиња на норвешкиот остров Спитсберген.

Од Orea (Ontario Real Estate Association) велат дека трезорот е реален и дека таму се чуваат големи залихи на бисквити заедно со оригиналниот рецепт на Oreo во случај на апокалипса. За изградба на трезорот бил задолжен норвешки архитект по име Маркус Торланд, кој имал рок да го дизајнира и изгради трезорот за 30 дена. Погледнете го видеото, а за авантуристите, координатите на објектот се 78 ° 08 ’58,1” Н, 16 ° 01 ’59,7” Е.