Компанијата за обновлива технологија Orbital Marine Power, го лансираше „О2“, најмоќната турбина на светот во близина на брегот на Оркни во Шкотска. Уредот долг 74 метри ќе обезбедува чиста, сигурна енергија во следните 15 години со моќност од 2 MW, која ќе снабдува со електрична енергија приближно 2.000 домови во Белика Британија. Положбата на „О2“, која изобилува со потоци на плима со голема брзина, го дава целиот потенцијал и овозможува генерирање на чиста енергија. Развојот на овој проект траел околу 15 години, пред да биде пуштен во употреба оваа година.
Во соопштението беше наведено дека „О2“, ќе го напојува со енегрија и EMEC на копно, за да обезбеди чист водород произведен со помош на обновливи извори на енергија. „Нашата визија е овој проект да стане поттик за искористување на ресурсите на плимата и осеката низ целиот свет за улогата во справувањето со климатските промени, додека се создава нов индустриски сектор со ниска емисија на штетни гасови“. Турбината „О2“ е финансиран од јавни заемодавачи и зелени иницијативи на шкотската влада и европската унија. Поттикот за ваков чекор бил добиен од положбата на Шкотска, која е идеално поставена за да го искористи огромниот глобален потенцијал на морска енергија. Следен чекор на компанијата Orbital Marine Power е комерцијализација на својата технологија.