Вежбањето доаѓа во многу форми, а луѓето навикнати на луксуз и брендирана облека исто така сакаат да се потат со стил. Опрема за вежбање е нешто што можеби не би очекувале да видите од луксузните модни куќи, не заборавајте сепак се работи за потење со стил. Од Chanel, Versace, Saint Laurent, за секого може да се најде по нешто.

1. Louis Vuitton тегови, изработени од сјаен метал финиширан со карактеристичниот монограм на куќата и сето тоа за цена од околу 2.000 евра.

Опрема за вежбање

2. Versace боксерски ракавици, направени од кожа со печат на куќата наменети за нокаут по цена од само 2.460 евра.

Опрема за вежбање

3. Prada шише за вода, за луѓе кои треба да пијат вода додека вежбаат. За 390 евра веќе нема да се чувствувате дехидрирано.

Опрема за вежбање

4. Hermès седло, за љубителите на јавањето. Секое седло е направено по мерка, со најквалитетната кожа, развиен од познатиот француски еквестријан Симон Делестре.

Опрема за вежбање

5. Saint Laurent x Wilson тениски рекет, со комплетира црно-бел финиш за игра со стил.

6. Versace скејтборд, изработен од висококвалитетно дрво по овој скејтборд сите ќе вртат поглед нели?

7. Gucci стегач за глава, за вистинско потење со стил.

8. Tiffany & Co јојо, кое и не е првото нешто што ви паѓа на ум кога се зборува за спорт, но и тек како придонесува за фокус, рамнотежа и координација.

9. Louis Vuitton сет за одбојка за луѓе кои сакаат плажа и спорт на плажа.

10. Saint Laurent x Wilson тениско топче, секако рекетот мора да има компатибилно топче, но не во зелена боја туку во класичен Saint Laurent стил, бело…