Кинескиот технолошки гигант OPPO го претстави смартфонот OPPO X 2021 чиј екран се тркала и се зголемува. Лансирањето на овој изум се случи во Шенжен за време на настанот за иновации на компанијата, каде што беа прикажани нови концептни производи.

Овој флексибилен дисплеј нуди поприродно интерактивно искуство, а компанијата која има вклопено три технологии во OPPO X 2021 дава променлив OLED дисплеј кој од 6,7 инчи се развлекува до 7,4 инчи, што им овозможува на корисниците да ја прилагодат големината на дисплејот врз основа на реалните потреби. Развиениот ламинат со висока цврстина на екранот дозволува искривување на екранот.

Прилично импресивно е и тоа што екранот брзо се прилагодува на движењето, а за да се постигне ова, OPPO наведува дека екранот вклучува сензори со висока прецизност кои вршат мониторинг во реално време, овозможувајќи му прецизно позиционирање и непречено повлекување и продолжување на смартфонот.