Bjarke Ingels Group (BIG), го откри дизајнот за облакодерот, наречен O-tower, кој ќе биде новото седиште за истражување и развој на технолошката компанија OPPO, во Хангџоу, Кина. Овалниот облик на облакодерот има за цел да ја намали потрошувачката на енергија и да ја изрази посветеноста на OPPO кон бесконечна иновација преку поврзување на „земјата со небото во континуиран круг на соработка“. BIG започна да работи со OPPO на почетокот на 2019 година за развој на дизајнот за седиштето. Локацијата е специјално одбрана, сместена помеѓу природно езеро, урбан центар и парк од 10.000 квадратни метри.

„Технологијата во најдобар случај треба да биде непречено продолжување на животот“, изјави Брајан Јанг, од BIG.

Фокусот на BIG при развој на дизјанот бил создавање на оптимални работни простории со многу природна светлина со оптимизирање на употребата на енергија. Зградата ќе биде обвиткана во таканаречена уникатна, fingerprint façade, со адаптивни панели ориентирани според аголот на сонцето, кои ќе го намалат сончевото влијание за 52 проценти а за возврат ќе се добие намалена потрошувачка на енергија, сјај, рефлексивност. Поголемиот дел од зградата ќе биде наменета за OPPO, додека првите три ката ќе бидат резервирани за јавно програмирање, изложбен простор, конференциски центри, менза и инкубатор за надворешни работилници. Централната оаза и околниот парк, обезбедува свеж воздух, задржува влага и го поддржува биодиверзитетот на градот.