Во 2011 година дизајнерското студио Teenage Engineering од Стокхолм го претстави својот OP-1, преносен синтисајзер. Речиси една деценија подоцна, Gris Design од Мадрид го претстави дизајнот за OP-S Concept, комплетен синтисајзер и паметен телефон кој го собира во вашиот џеб, инспириран од едноставниот дизајнерски јазик на својот претходник.

Со OP-S Concept, Gris Design сака да им излезе во пресрет на музичарите кои ќе можат да го носат својот продуцентски систем насекаде со себе, исто како што е случајот со телефоните. Замислете да ја добиете најдобрата идеја досега и да имате можност да започнете со работа во истиот момент, без оглед на тоа каде се наоѓате? Комплетна клавијатура, аудио I/O со 32bit DAC, вградени четири „сараунд“ микрофони со висок капацитет, предни звучници и сет од три камери ја сочинуваат оваа совршена алатка за креирање и споделување на креативниот процес во било кое време.

OP-S Concept

OP-S Concept има дизајн на лизгачки телефон, каде што горниот дел е лесен екран на допир, додека делот кој се лизга содржи клавијатура и сите контролори се појавуваат на екранот на допир. Со сите овие елементи вие можете да компонирате, да правите примероци и да ја направите било која аудио трака што ќе ви падне на памет. Два аудио приклучоци се достапни – едниот за следење, а другиот за приклучок на слушалки или лаптоп.