Во текот на изминатите пет години, иновацијата на смартфони е најконкурентна во технолошката индустрија. Додека пак предводниците на компаниите ги туркаат границите на камерите, дизајнот-изглед и перформансите, цените значително се зголемуваат. Меѓутоа мора да споменеме дека има склоност кај потрошувачите да бираат и буџетски смартфони, наспроти телефоните со највисоки цени. Во оваа игра влегува и OnePlus Nord.
Овој смартфон кој е означен како „camera flagship” може да се пофали со неговата оптичка поддршка за стабилизација на сликата (OIS), спецификација карактеристична за професионалните камери. OnePlus Nord располага со Snapdragon 765G процесор и е подготвен за 5G, 6-GB RAM меморија, 6.55 инчен Super AMOLED дисплеј, меморија од 128 GB и батерија од 4.300 mAh. Од камерите се очекува главната камера да биде 64 MP, а селфи камерата да е со 32 MP и со секундарна 8 MP. Премиерата е закажана за 21 Јули.