Кога металот тантал дебитираше во поставата на Omega во 1993 година, експресно заслужи уникатно место во дизајнерската историја на Seamaster. Оваа година, овој необичен материјал доживува стилски камбек.

Неговите карактеристични сино-сиви тонови нудат суптилен контраст на скапоцените метали кои се наоѓаат на најновиот нуркачки часовник на Omega. 44-милиметарскиот Master хронометар на Omega e ограничена серија, направен од титаниум од второ ниво, 18-каратно Sedna злато и тантал – кој се наоѓа на основата на безелот и во централните спојки на алката од брезлетната.

Omega Seamaster

18-каратното Sedna злато се наоѓа на безелот си ласерски претопената нуркачка скала, додека полираните сини керамички бројки имаат ласерски гравирани бранови, прозорче за датум кај сказалката за 6 часот и мали сказалки обложени со истото злато. На страничниот дел исто така се наоѓа 18-каратно Sedna злато на кое е изгравиран уникатниот број на часовникот.

На задната страна се наоѓа морското коњче на Omega, кое е ласерски изгравирано и обоено во бела боја врз сафирен кристал. Низ стаклото има чист поглед кон Co-Axial Chronometer калиброт 9900 на Omega. За океанските авантуристи, секоја бразлетна го сочинува и продолжениот rack-and-pusher механизам за закопчување кој е патентиран од Omega за дополнителна нуркачка екстензија. Часовникот е водоотпорен до 30 бари (300 метри).

Материјали

Кога станува збор за материјалите кои се искористени за часовникот, треба да се напомене дека титаниумот од второ ниво често е користен од страна на Omega во историјата на компанијата за часовници како Speedmaster X33 и секако раните примероци на Seamaster Diver 300M.

Од друга страна, изборот на 18-каратното Sedna злато е поради желбата на Omega да најде ново розово/црвено 18-каратно злато кое ќе биде поотпорно од стандардното злато кое се користи во часовничарството. Во 2013 година компанијата успеа во својата намера и успеа да го инкорпорира 18-каратното Sedna розево злато во своите часовници, кое има неверојатна отпорност на губење на бојата. Ова злато на Omega e легура составена од злато (минимум 75 проценти), бакар за боја и паладиум за стабилност. Резултатот е уникатен црвенкаст тон кој зрачи со топлина и се одликува со долготрајност.