Џејмс Бонд и Omega се поврзани од 1995 година. Па така за последниот настап како Џејмс Бонд на Даниел Крег во филмот No Time to Die, компанијата ќе се погрижи за автентичноста претставувајќи го Seamaster Diver 300M 007 Edition. Специјално дизајниран од титаниум, со симбол на стрела на шест часот, автентично го отсликува местото на Бонд.

Едноставниот, функционален дизајн е развиен во соработка со самиот актер, базирајќи се на искуството како агент 007. Прстенот со броеви во „tropical brown” боја е направен од алуминиум, а класичниот изглед е надополнет со Super-LumiNova.