По повод 50 години од појавата на Бонд, Omega го презентираше лимитираното издание на рачниот часовник Seamaster. 

Да прашате стотина мажи кој им е пример за маж кој би сакале да го следат, голем дел од нив ќе ви го кажат името на Џејмс Бонд. Тоа е нормално, после половина век филмови и филмови за најопасниот и шармантен таен агент во светот.

Па бидејќи голем дел од мажите немаат гаражи со неколку модели на Aston Martin, ниту шпионска опрема од која ви застанува здивот, се фокусираат на она што може да се реплицира. Гардеробата на 007. А брендовите се повеќе од расположени да му удоволат на обичниот маж да се чувствува како таен агент. Така, наскоро во продажба и најновиот Omega.

Seamaster

Дека часовниците на Џејмс Бонд се дел од најдобрите рачни часовници во филмската историја, зборувавме пред некое време. Но, сега, за јубилејот од 50 години од појавата на најдобриот агент од Тајната служба на Нејзиното Височество, Omega има изненадување. Брендот за изработка на часовници ќе го пушти во продажба специјалното издание на Omega Seamaster.

Часовникот е елегантен и софистициран, црн со златни стрелки. Неговата цена изнесува 6.500 долари. 

Seamaster