Швајцарскиот специјалист за часовници Omega во партнерство со италијанскиот Marcolin Eyewear, лансира луксузна линија на очила за сонце инспирирана од историјата на брендот. Квалитетни материјали и детали карактеристични за брендот. Иако цените сеуште не се објавени, од Омега изјавија дека ја прошируваат својата дистрибуција преку нивните партнери, сопствените корпоративни бутици и онлајн продавницата.