Швајцарскиот производител на часовници Omega е познат по многу работи, но сега повторно успеваат да направат револуција во индустријата со својот нов турбион. Производителот создаде некои од првите генерации на турбион часовници во 40-тите години на минатиот век кои служеа за многу повеќе отколку само визуелна елеганција – тие претставуваа своевиден експеримент со цел да се понуди подобра хронометрија.

Omega никогаш не ги продаваше овие часовници, иако еден пред три години беше продаден за 2,09 милиони долари, туку тие претставуваат значителен дел од историјата на Omega кои дадоа придонес за развојот на брендот кој стана синоним за прецизност. 50 години подоцна, во 1994, Omega го претстави првиот часовник со турбион со самостојно намотување со редок централно поставен кафез, а потоа следуваше со првиот турбион со хронометарски сертификат.

Оваа година повторно се надмина со Omega De Ville Central Tourbillon Numbered Edition, првиот турбион со рачно намотување кој ги пресретнува возвишените стандарди на Master Chronometer сертификатот. Покрај тоа, овој часовник е способен да одолее на магнетни полиња до 15.000 гауси. Ова значи дека запчестиот прекинувач на турбионот може да продолжи со својата ротација со една револуција во минута дури и под влијание на магнетни полиња еквивалентни на MRI машина, што е навистина голема работа, со оглед на тоа дека дури и најмалиот магнетизам претставува смрт за рачните часовници.

Нумерирана едиција

Куќиштето од 43 милиметри на овој Omega De Ville Tourbillon комбинира две скапоцени метални легури кои станаа синоним за брендот. Тука се користат 18-каратно Canopus злато и 18-каратно Sedna злато, легура од бело злато и розево злато, која му дава брилијантен сјај на часовникот од секој агол. Лицето на часовникот е во црн PVD финиш, а во средината се наоѓа турбион „кафезот“ со рачно полирани навлаки изработени од црн керамизиран титаниум.

Сепак, најголемиот технички проблем тука се стрелките на часовникот, кои обично се поставени на стожери во центарот на движењето, а тука нема каде да бидат поставени поради турбионот. Поради ова, Omega ги постави стрелките на два сафирни дискови, оставајќи впечаток дека тие лебдат под кафезот на турбионот.

Овој часовник на Omega e нумериран, но не и во ограничено издание, така што заинтересираните имаат доволно време да го нарачаат кога ќе се најде во продажба во јули, а цената изнесува 232.500 долари.