Како што сугерира името, OMEGA Seamaster Aqua Terra “Ultra Light” e генијален спортски часовник дизајниран со помала тежина и поголема удобност. Иновативна креација создадена во соработка со водечки спортист како Рори Меклирој, кој воедно е и амбасадор на OMEGA.

Горд сум што учествував во развојот на новиот спортски часовник OMEGA. Знам што очекува еден спортист од неговиот часовник и преку соработка со ОМЕГА бевме во можност да го постигнеме очекуваното. Новиот “Ultra Light” часовник апсолутно е задоволство да се носи, без оглед што спортувате.

Часовникот тежи 55 грама, и е создаден од новa легура наречена Гама титаниум. Уникатниот материјал се користи во воздухопловната индустрија заради неговата отпорност и подобрите својства споредбено со конвенционалниот титаниум.