Легендарните очила за сонце на Oliver Peoples зрачат подеднакво и со луксуз од стариот свет и со ретро-бизнис изглед, а таа привлечност е само дополнително засилена во најновата колекција на очила за сонце на овој бренд со Brunello Cuccinelli за пролетта 2022 година.

Едноставно кажано, не постои подобро време за надградување на вашата колекција на очила пред пролетта и летото, а уште подобро е што двата бренда кои многу добро го познаваат луксузниот стил се тука да ви помогнат во изборот.

Новата понуда е под влијание на Златното доба на Холивуд – што е совршен спој со оглед на прославените очила за сонце на Грегори Пек од Oliver Peoples – и е придружена од кампања снимена во прославената Bradbury зграда во Лос Анџелес, иконата на една доба.

Колекцијата е направена во Италија и го пренесува најдоброто од двата света – елегантниот, лежерен стил на размислување и ретро привлечноста на Oliver Peoples и луксузната италијанска изработка на брендот Brunello Cucinelli.

Oliver Peoples Brunello Cucinelli

Стиловите како Eduardo и Jep нудат clip-on можности и речиси футуристички изглед, додека Oliver Sun е најраспространетата и класична понуда – достапна во пет бои.

Oliver Peoples забележува дека Oliver Sun се одликува со „безвременска квадратна ацетатна рамка“ која убаво ја нагласува секоја форма на лица. Колекцијата на луксузни очила нуди и по нешто за секого преку препознатливиот, целосно нов стил на очила – сосема новиот Capanell е препознатлив и ретро обоен, со одважна и смела рамка и паметен, елегантен изглед.

Цените се повеќе од прифатливи имајќи ги предвид другите опции за луксузни очила на пазарот, кои се движат од 515 до 670 долари. Сепак, цената не е навистина важна, туку пораката која ја испраќате кога избирате рамка од најновата колекција. Како што велат од Oliver Peoples, „најновата серија од очила на Oliver Peoples и Brunello Cucinelli го нагласува раскажувањето на приказни и занаетчиството“.