Секој сака да изгледа најдобро, но да се чувствувате најдобро е веројатно уште покритично. Модерниот современ маж се грижи за себе, внимава на својата кожа и коса, гледа да биде секогаш „шик“ и внимава на својата линија вежбајќи. Но што кога после одредена физика активност или некое воспалително заболување почувствувате болка? Наместо да ја третирате болката со одредени медикаменти (доколку е можно да се избегнат- кај помалку сериозни ситуации) третирајте ја со креми кои се покажале како доста ефикасни.

CBD

Тинктурата или маслото со CBD (Cannabidiol) се користи во повеќето земји како рутинска нега на кожата. Но CBD мелемот е еден од доста популарните производи кој има широк спектар на употреба. На пример овие мелеми во себе знаат да содржат и лаванда или еукалиптус, па така доколку го користите како крем за раце ќе добиете миризлива и нежна кожа. Но овие мелеми исто така се користат и при артритис за ублажување на болката во зглобовите, а и при мускулна болка.

Tiger Balm

Уште еден добро познат мелем кој ја ублажува болката било да е мускулна поради преоптоварување, артритис или едноставно сте претерале со средување на градината. Овие мелеми во себе содржат масло од нане, ментол и камфор. Последната супстанца е доста позната како средство против мијалгија, невралгија, па дури во минатото се користела како стимулатор за дишење. Овие креми знаат да имаат и антисептично дејство врз кожата.

Креми со разладувачки ефект

Можеби ќе се обидете со крем за убавина со разладувачки ефект ако имате вкочанети или болни мускули и сакате пријатен мирис, ублажување на болката, а исто така и навлажнувачка карактеристика. Сигурно треба да го изберете оној што брзо дејствува и ја лади кожата при контакт. Повеќето вакви креми содржат ментол, екстракт од алое вера и витамин Е.

Крема со затоплувачки ефект

Можеби разладувачкиот ефект не помага, но затоплувањето на местото кое ве боли делува пријатно. Мелемите кои имаат затоплувачки ефект во себе содржат Хамамелис (Hamamelis virginiana) кое веднаш ја затоплува кожата. Освен ова овие видови на мелеми содржат и камфор и ментол. Хамамелисот е познат по тоа што се користи за ублажување на оток, крварење, чешање, слаба болка и непријатност предизвикана од мали иритации на кожата. Секако пред да посегнете по било што консултирајте се со доктор или стручно лице кое ќе знае точно за каква болка каков третман е потребен.