Вчера на предпремиерата на филмот Men in Black International, „Божиновски часовници и накит“, го претстави часовникот Hamilton Ventura вонземски модел на часовници, кои беа изложени во Cineplexx. Невообичаените, смели и со исклучителен изглед часовници Hamilton Ventura се есенцијален дел од идентитетот на Men in Black.
Филмот Men in Black се базира на истоимениот стрип, а на големото платно уште еднаш е донесен во еден грандиозно спектакуларен стил. Hamilton Ventura часовникот помага во приказната со користење на времето како дел од самото сценарио, временски дисторзии, патување низ времето…. и на крај, Агентите секогаш се борат со некој краен рок кој едноставно е невозможен, а секунда потоа… планетата Земја може да исчезне засекогаш.
Е во тие моменти, Вентура има главна улога, кога се одбројуваат последните секунди а гледачите седат на ивицата од нивните седишта во нервозно исчекување. И покрај футуристичкото сценарио и неазмисливите справи со кои располагаат, Агентите носат едноставен аналоген кварцен Вентура, и тоа едноставно дава ретро-футуристички искуство за гледачите.
Агентот М (Теса Томсон) е нова актерка на големото платно, но направи храбар избор со оргиналниот Ventura со иноксна основа, со црни стрелки и црно кожно ремче, а Агентот H (Крис Хемсворт) како силен индивидуалист го избра моделот Ventura Automatic, со H10 автоматско движење и кафеави кожни ремчиња.