BMW официјално ја промовираше новата генерација на Серија 4 Coupe. Секако, најголемо внимание и коментари секако предизвикуваат впечатливите предни „бубрези“ за кои голем број фанови на BMW и автомобилски ентузијасти стравуваа и претходно, кога германскиот производител во септември минатата година на Салонот за автомобили во Франкфурт го претстави Concept 4 кој го најави изгледот на новата „четворка“.

BMW 4

Во споредба со Серија 3, новата „четворка“ е 57 милиметри пониска, има 21 милиметри пониско тежиште, 23 милиметри поширок траг на тркалата позади, а се карактеризира и со коефициент на отпор на воздухот од 0.25 (во случајот на кај верзијата 430i). Кога веќе станува збор за димензиите, треба да се истакне дека новата Серија 4 Coupe е долга 4.773 милиметри, широка е 1.852 милиметри, висока 1.387 милиметри и има меѓуосовинско растојание од 2.850 милиметри. Новата Серија 4 навистина наликува на ланскиот Concept 4, а покрај предната маска на ладилникот, треба да се напоменат и адаптивните LED светла и уникатните задни светла во форма на L.

BMW 4

Богата опрема во внатрешноста

Во внатрешноста пристигнува и најновата верзија на BMW iDrive 7.0 инфозабавниот систем со стандардниот 8,8-инчен екран на допир од инфозабавниот систем и 5,1-инчниот дигитален екран позициониран меѓу аналогниот инструмент кластер. BMW како опција нуди и 12,3-инчна инструмент табла која доаѓа во комбинација со 10,25-инчен централен екран од инфозабавниот систем. Автомобилот ќе биде достапен со голем број безбедносни и системи за асистенција на возачот.

Тука треба да се напомене Active Guard Plus кој содржи информации за ограничувања на брзините, систем за предупредување на ненамерно излегување од коловозната лента, предупредување на судир и налет на пешаци, автоматско кочење и така натаму. Како опција доаѓа и Driving Assistant кој нуди активен темпомат со stop&go функција и систем за одржување на возилото во коловозната лента. Тука се и head-up екранот и Intelligent Personal Assistant.

Подоцна се очекуваат и Серија 4 Cabrio, како и спортскиот M4. Маркус Флаш, шефот на BMW M дивизијата пред неколку дена потврди дека промоцијата на новите генерации на моделите M3 Sedan и M4 Coupe ќе се одржи во текот на септември оваа година. Овие модели ќе се напојуваат со 3,0-литарски twin-turbo шестцилиндрични мотори кои ќе располагаат со до 510 КС, а ќе пристигнат во комбинација со шестстепен мануелен или осумстепен автоматски менувач со двојна спојка. Освен тоа, двата модели ќе бидат достапни во верзии со заден и погон на сите четири тркала.

Целосниот текст прочитајте го на АВТО ПЛУС…