Конечно Зак Снајдер го објави трејлерот за неговата верзија на „Justice League“. Овој филм кој треба да трае четири часа, ќе биде достапен на HBO Max на 18-ти март. Четиричасовниот филм е повторување на филмот од 2017 година каде Џош Видон беше режисер. Видон ја презеде функцијата откако Снајдер се повлече поради семејна вонредна состојба. Снајдер периодов објавуваше тизер слики од Џаред Лето како Џокер на социјалните медиуми. Сега фановите кои сакаат да ја погледнат верзијата „Snyder Cut“ и со нетрпение го чекаат филмот, имаат можност да го погледнат официјалниот трејлер.