Исхраната е клучна, но не заборавајте на вежбањето, намалете го стресот и празнете ги цревата секогаш кога ќе имате потреба.
Внимавајте на исхраната
Здравјето на цревната флора во голема мера е одредено од микробите (бактерии) кои живеат во цревата. Истражувањата покажуваат дека исхрана богата со растителни влакна е клучна за здравјето на цревата. Микробите во цревата ги разложуваат растителните влакна на супстанции со антивоспалително дејство. Но, исхраната богата со сол, заситени масти и црвеното месо, го зголемуваат ризикот од воспаленија. Според истражување на проф. Филип Крки, специфични бактерии имаат поврзаност со карцином на цревата. Податоците укажуваат дека лицата кои консумираат повеќе црвено месо имаат поголем ризик од канцерогени заболувања.
Следете го ритамот на цревата
Една од главните причини за појава на проблеми со цревата, како што е констипацијата, е нарушувањето на природниот ритам на цревата. Потребата од празнење на цревата е вообичаено поголема кога ќе се разбудиме и по секој оброк, особено по појадокот. Но, кај луѓето денес ова е изместено, бидејќи ја одложуваат активноста на цревата брзајќи низ секојдневните обврски. Ова може лесно да доведе до проблеми со празнењето. Затоа, празнете ги цревата тогаш кога ќе почувствувате потреба.
Намалете го стресот
Цревата се исполнети со нервни завршетоци и за време на стрес, испуштаат невротрансмитери кои генетираат воспаление во цревата. Познато е дека стресот забрзува многу болести, а ова е еден ефикасен начин за такво нешто. Обидете се да го намалите стресот со редовно вежбање.
Земајте антибиотици само кога тоа е неопходно
Антибиотиците знаат потполно да отстранат некои воспаленија и инфекции, но доаѓаат со одреден данок. Го нарушуваат нормалниот баланс на цревата така што ги отстрануваат сите добри микроби.