Актерот Вин Дизел ја толкува улогата на одмаздољубив супер војник во новата најава за филмот Bloodshot.
Очигледно е дека Вин Дизел веќе не се задоволува со играње какви било улоги. Актерот се враќа на големото платно толкувајќи улога на супер херој. Го игра супер војникот Реј Гарсон, кој воедно е и супер херој и кој станува незапирлив во Bloodshot.
Филмот се базира на стрип со истото име. Приказната за главниот херој останува оригинална, иако попатно буди приказни за одмаздољубиви мажи кои благодарение на владините експериментирања врз нив, сега имаат доволно моќ, сила да им се одмаздат на луѓето кои ги создале такви. Нешто слично како Франкенштајн.
Премиерата на Bloodshot е закажана за 21 февруари 2020 година.