Традиционалниот хуманитарен пикник за вработените, членовите на нивните семејства и пријателите на „Алкалоид“, кој веќе по осми пат се одржа во хотелот „Белви“ на 29 септември, беа собрани околу 1.050.000 денари, кои ќе бидат донирани на Здужението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“.

Хепенингот се спроведува под закрила на Фондацијата „Трајче Мукаетов“, чиј основач е токму компанијата Алкалоид. Сите оние што учествуваа на пикникот, своите донации ги приложија купувајќи маички, дизајнирани од познатиот македонски уметник „ТиноСки“.

Лајтмотивот испишан на маичките гласеше: „Љубов е сѐ што ни треба“ – подадена рака и почит за сите поединци кои се соочуваат со стравот, неизвесноста, лутањето, паниката, очајот, пресвртите и превратите во борбата со ретките болести.

„Алкалоид“Тие маички на некој начин претставуваат официјален дрес-код на настанот. – Со оваа донација ќе можеме да ги зголемиме напорите за помош и поддршка на семејствата кои се соочуваат со ретки болести во Македонија преку таканаречената ‘Линија за помош’ која неформално ја одржуваме веќе три години.

Да имаш ретка болест значи да се соочиш со стравот, да ја прегрнеш надежта и да се бориш за иднината. Кога имаме поддршка од заедницата нашата работа е полесна. Благодариме што имате слух за предизвиците на оваа ретка група на граѓани – рече претседателката на здружението Весна Алексовска, која и самата храбро чекори со предизвикот наречен ретка болест.