Можеби Двејн Џонсон, Џејсон Статам и Брус Вилис прават ќелавоста да изгледа привлечно, но тоа се ѕвезди од акциони филмови. За обичните смртници, губењето на косата знае да е прилично непожелна работа. 

 

Истражувачите откриле дека мажите кои минуваат повеќе од 52 часа на работа неделно, ја губат својата коса два пати побргу од оние кои работат 40 часа неделно. Како причина за ваквата појава го наведуваат стресот и недостатокот од одмор. Истражувањето, кое вклучувало 13 илјади вработени мажи на возраст меѓу 29 и 50 години, е најголемото и меѓу првите кое ја испитува директната врска меѓу губењето на косата и долгото работно време.