Дизајнерот Ив Беар дизајнираше очила за сонце кои се направени од пластичниот отпад собран од океаните. Овој проект е направен во соработка со The Ocean Cleanup холандска непрофитна организација која развива напредни технологии за да го исчисти пластичниот отпад од океаните.
Сите средства од продажбата или точно 199 американски долари колку што чини еден пар на вакви очила, ќе одат директно во финансирање на непрофитната организација која подржува и помага во чистење на океаните од пластика. Рамките се DNV GL сертифицирани, додека футролата е направена од рециклиран материјал од System 001, првиот систем во светот направен за чистење на пластиката од океаните.
Сите компоненти на очилата се дизајнирани едноставно за да може лесно да се расклопат и рециклираат повторно доколку тоа е потребно. Тоа што го привлекло дизајнерот да учествува во еден ваков проект е кружниот циклус на истиот, односно од пластичен отпад се прави производ кој се продава за да се чисти друг пластичен отпад. Количината на очилата се ограничени и се достапни за продажба на веб страната на непрофитната организација.