На Инстаграм профилот @Supreme_leaks_news се појави слика од обетки за слушалки со монограмот на модната куќа Louis Vuitton. Уникатниот додаток доаѓа во златна боја со шестоаголно тело во кое се навлекува на вашите AirPods. Се очекува овој додаток кој треба да ги накити слушалките на вашата придружнича да доаѓа во различни должини и да одговара на повеќе видови на безжични слушалки. Обетките за слушалки на Louis Vuitton се очекува да излезат во продажба овој месец по цена од 350 долари.