Oakley ги враќа иконските и ексцентрични очила 20 години по првото нивно лансирање. Спектакуларните Oakley OVERTHETOP за прв пат ги претстави на Летните олимписки игри во Сиднеј 2000-та година, кога популарниот спринтер Ато Болдон се појави со нив. Овие фотографии ги наполнија насловните, станаа незаборавен спомен за Летните олимписки игри и еден од најтрофејните моменти за брендот.

Покрај овој момент футуристичките очила ја пронајдоа славата благодарение на нивниот необичен ергономски дизајн. Компанијата за одбележување на 20-годишнината од дебито на OVERTHETOP и Летните игри во 2020 година, ексцентричните рамки ги враќаат со пригодно екстравагантна завршница, во боја која се прелева од старо злато, сребро до бронза.

Шемата на бои која е наречена „Precious Mettle” е „во знак на признание на Игрите што не се случија и им оддава почит на оние што се пробиваат и надминуваат“, изјавија од Oakley. Лансирајќи ги како последни производи што се создаваат со оригиналниот калап од 2000-та, само 20 примероци на Oakley 2 OVERTHETOP „Precious Mettle“ ќе се произведат. Секој пар исто така ќе биде обележан со уникатен сериски број за одбележување на важноста.