Отсекогаш се велело дека „внатрешната убавина“ е клучот за убавиот изглед. Новиот начин за нега на кожа, коса и нокти, наречен нутрикозметика, чиј концепт постои со години, експлозивно станува тренд. Овој неологизам, го нашол шведскиот биохемичар Аке Далгрен, кој стои зад првата нутрикозметика во 80-тите години на минатиот век. За овој концепт било потребно време за да можат мажите и жените го присвојат како секојдневна рутина.
Дали внатрешната убавина е тајната на надворешната убавина? За целосно да се разбере и прифати нутрикозметиката, на некој начин, значи целосно ревидирање на пристапот кон убавината. Наместо да се нанесува крем или маска за да се отстранат несовршеностите на површина, применуваме „лекување“ однатре и искористување на придобивките однадвор, благодарение на хранливите материи, микроелементи и други активни состојки. Или генерално познато како конзумирање на суплементи.
На овој начин не се санира штетата само надворешно, туку тука станува збор за помагање на кожата, косата и ноктите да се одбранат од повеќекратните агресии на кои се подложуваат секојдневно. Во повеќето продукти има цинк, омега 3 и 6, некои ензими па дури и колаген. Придобивките од овој вид на нега се многубројни, почнувајќи од борба против опаѓање на косата или санирање на кршлива коса, враќање на сјајот и хидратација на кожата, па дури и помагање во борбата против стареењето на кожата.
Нутрикозметички додатоци на храна се нудат во различни форми, капсули, ампули, апчиња, гумени бонбони и гуми за џвакање. Но како и сите останати суплементи, така и овие треба да бидат само комплементарен додаток на здравата исхрана.