На дното на Балатичкото море, група нуркачи пронашле 900 шишиња коњак стар цели 100 години.
Пред 100 години, за време на Првата светска војна, шведскиот параброд S.S. Kyros бил пресретнат од страна на германската подморница UC-58. Капетанот на подморницата решил да го потоне парабродот, бидејќи превезувал 50 сандаци француски коњак и 15 сандаци ликер од Франција кон Русија. Екипажот на парабродот бил безбедно испратен дома.
Така, на дното на Балтичкото море, во интернационални води меѓу Шведска и Финска се нашле големи количини шишиња алкохол. 100 години подоцна, шведските пронаоѓачи на богатство Ocean X Team тргнува во потрага по коњакот.
Потрагата завршува успешно со пронајдени дури 900 шишиња алкохол. 300 шишиња во себе го зачувале на Benedictine, кој денес сè уште се произведува од страна на Bacardi и 600 шишиња од значително важниот и одамна исчезнат коњак De Haartman & Co.
Богатството е пронајдено на многу небезбедна територија, што го прави овој подвиг многу храбар за нуркачкиот тим. Според нив, ова не е само пронаоѓање на редок коњак, туку дел од историјата на поранешна царска Русија.
Што ќе се случи со шишињата? Имајќи предвид дека се 100 години стари, кога е алкохолот во прашање, веројатно за многу брзо време ќе бидат дадени на аукција и продадени за огромни суми.