Со цел да ни покаже колку времето е скапоцено, компанијата HYT го претстави HYT H0 уникатен часовник кој го спојува класичното часовничарство со модерен, футуристички дизајн.
Овој уникатен часовник е посебен поради начинот на кој го покажува времето, со помош на хидро механички механизам црвена течност која кружи околу часовникот ќе ви помогне да ги одредите часовите, додека хронограф на бројчаникот ни ги покажува минутите. Куќиштето кое е направено од сафири е со дебелина од 18.7 mm и пречник од 48.8 mm што го прави часовникот забележлив на вашата рака.
Ременот е направен од издржлва, провидна гума која овозможува пријатно и неосетно носење на ваков тип на часовник. Ограничена е количината на часовници кои ќе бидат произведени на 50 парчиња а цената на само едно вакво ремек дело е 50.000 долари.