Постојат луѓе кои на часовниците гледаат како додатоци, но и такви кои гледаат на нив како на одржлива форма на инвестиции. Листата на луксузни брендови кои нудат неодоливи и извонредни часовници е доволно голема. Битно е да ја одберете формата која вие ја сакате. Од долгата листа може да најдете од спортски, „еколошки“, до ултра ограничените изданија, до специјалните комеморативни или колаборативни парчиња вредни за споменување.
Audemars Piguet Иконски дизајн кој ги надминува трендовите. Royal Oak, еден од најбараните часовници. Новата верзија Extra-Thin доаѓа со 39 милиметарско куќиште, целосно изработен од платина. Ова што уште повеќе привлекува е минималистичката естетика која го прави безвременски на еден начин.
Breitling Спортско-шик дизајн Premier B21 Chronograph Tourbillon 42 Bentley Limited Edition е изведба која поставува нови цели и одбележува извонредно партнерство кое трае повеќе од 15 години. Глобално ограничен на 25 парчиња оваа извонредна изведба е исто така на листата многу барани, веќе распродадени часовници.
Bvlgari Колекцијата Octo Finissimo се развива од година до година станувајќи потенка и покомплицирана. Како носител на рекорди оваа Octo Finissimo Perpetual Calander, е најтенкиот часовник на планетата кој руши светски рекорд. Со дебелина од само 5,8 милиметри, калибарот BVL 305 има дебелина од само 2,75 мм. Куќиштето од титаниум е скрасено и со материјал како платина. Вистинска убавина од Bvlgari.
Cartier Како шрослава на 100 годишнината, е создаден Tank Cintree 100th Anniversary Limited Edition. Бидејќи е омаж, последното издание го следи оригиналниот дизајн од 1921 година, создаден во ограничено издание од 150 примероци кои секако за неполна година се дел од колекциите на познати колекционери.
Chopard Како прослава на четвртина век од Chopard Manufacture, L.U.C QF Jubilee, е произведен во 25 парчиња. Иако е прилично минималистички по изглед, неговото создавање воопшто не е. Челикот од кој е создаден ги добива сертификатите COSC и Fleurier Quality Foundation.